Војвотката Меган Маркл ги оперирала стапалата за да може постојано да носи високи чевли, пишува The Sun. Откако Меган ги соблече чевлите и босонога прошета во Нов Зеланд на еден маорски обред, фотографите ги снимиле нејзините стапала и ги забележале лузните.
„Таа лузна е од операција што е многу болна. Потребни се три месеци за пациентите да можат повторно да носат потпетици“, вели хирургот Кумар Кунасингам.
Меган наводно ги оперирала палците уште во 2014 година, а нејзината агонија со болните нозе траела години пред операцијата. Холивудскиот живот ја принудил постојано да носи потпетици.
„За текот на операцијата потребно е да се мине низ неколку слоеви на ткивото и да се дојде до коската. Потоа треба коската да се скрши и да се фиксира“, вели доктор Кумар.
Текстот (Фото) Меган Маркл ги оперирала палците за да може да носи потпетици е превземен од Reporter.mk.