Меган Маркл и британскиот принцот Хари во моментов се наоѓаат на првата заедничка меѓународна турнеја, а по краткиот престој во Сиднеј, војвотката и војводата од Сасекс уживаат во Мелбурн.
За премиерната посета во Мелбурн, поранешната американска актерка одбра морнарско син фустан со потпис на австралиската дизајнерка Дион Ли и салонки од „Маноло Бланик“.
Во рацете Меган носела скапоцена торба Sylvie со метален ремен. Станува збор за торба од италијанската модна куќа „Гучи“.
Нешто подоцна, Меган на плажите на Мелбурн била забележана во црн фустан со златни копчиња од страната, со потпис на њујоршкиот бренд Club Monaco.
Црниот фустан со потписот на Club Monaco е еден од поевтините во кои јавноста има можност да ја види Меган, на актуелната турнеја.
Текстот (Фото) Меган повторно го откри трудничкиот стомак е превземен од Reporter.mk.