Војвотката од Сасекс, 37 годишната Меган Маркл и нејзиниот сопруг, 34 годишниот принц Хари, на 6 мај станаа родители на нивниот син Арчи. Иако од неговото раѓање минаа еден месец, поранешната актерка за прв пат се појави во јавноста откако бебето стигна на свет. Нејзината појава беше изненадување за многумина.
Меган беше облечена во темносин фустан и блејзер во иста боја, а војвотката го привлече вниманието додека со сопругот минуваа низ Лонодн, каде се упатија кон Бакингемската палата на прославата на роденденот на кралицата Елизабета II. Иако многумина коментираа дека Меган е убава, многумина не премолчеа дека изгледа буцкасто.
„Многу е убава, но сеуште е буцкаста. Нема врска, изгледа баш здраво и среќна“, коментираа обожавателите на кралската двојка.
Иако е вообичено кралското семејство, новороденчињата да ги покажуваат во јавност неколку часа по доаѓањето на свет, Меган и Хари тоа го направија дури два дена подоцна, кога позираа пред фотограферите во дворецот Винзор. Неколку часа подоцна, кога кралицата го запозна Арчи, на службениот „Инстаграм“ профил, на војводата и војвотката од Сасекс, објавено е и името кое родителите го избрале за нивното прво дете.
Текстот (Фото) Меган за прв пат излезе во јавност по породувањето е превземен од Reporter.mk.