Актерот Мел Гибсон е снимен од папараите додека пазарел во Малиби, а голем број на љубители на неговиот лик и дело напишаа на социјалните мрежи дека се изненадени од неговиот изглед.
Мел Гибсон купувал дрва, а тоа што многумина коментирале е дека актерот изгледал непрепознатливо и дека прилично се запустил.
Холивудскиот актер кој славата ја стекна во филмовите „Бесниот Макс“ и „Смртоносно оружје“, во кариерата се проба и како режисер и сценариост. За филмот „Храбро срце“ освои два „Оскари“.
Гибсон во 2004 година напиша сценарио за филмот „Пасија“ филм со кој постигна голем комерцијален успех и заработи повеќе од 611 милиони долари. Беше прогласен за осми најуспешен филм во историјата.
Текстот (Фото) Мел Гибсон запустен до непрепознатливост е превземен од Reporter.mk.