Првата дама на САД, Меланија Трамп, и Филип Меј, сопругот на британската премиерка, куглаа на трева пред детската болница „Челзи“ додека чекаа да заврши официјалната средба на нивните сопружници Доналд Трамп и Тереза Меј.
На поканата за новинарите и стоело дека треба да дојдат во рамни чевли и во елегантно-спортска облекла, но тоа не ја спречило Меланија да се појави во штикли од Лобутин и фустан од 1.500 евра, креација на Викторија Бекам, пишува британски „Телеграф“. Весникот додава дека Меланија куглала четири пати и дека цело време била насмеана, покажувајќи дека ужива во играта.