(Фото) Меланија првата модна прошетка ја имала на пет години

За првата дама на Америка секојдневно се пишуваат голем број на пикантерии, модни коментари и слично. Но, малкумина знаат дека Меланија, својата прва модна прошетка ја направила на само пет години.

Меланија на својата прва средба со Доналд Трамп, одбила да му го даде својот телефонски број и никогаш не го запознала својот полубрат.

Ова се неколку интересни факти за Првата дама на САД.

 

Меланија Трамп е втората жена во историјата на САД која станала Прва дама, а да не е државјанка на Америка.

Таа е единствената прва дама која позирала гола. Три години пред да го запознае Доналд Трамп, Меланија позирала гола за француско машко списание.

 

Првата дама на Америка својот сопруг Доналд Трамп го запознала на модна ревија. Оваа средба била поразувачка за Доналд. И покрај неговите обиди да ја покани на состанок, таа одбила да му го даде својот телефонски број.

 

Меланија ги прекинала студиите по архитектура на Универзитетот во Љубљана, за да се посвети на кариерата како модел.

Европската слава ја стекнала во Италија и Франција, а по само неколку години станала и сопственичка на модна агенција.

Според традицијата тајното име на првата дама мора да почнува со првата буква на тајното име на нејзиниот сопруг. Бидејќи тајното име на Доналд е Могул, Меланија го носи надимакот Муза.

Меланија покрај нејзината сестра Инес, има и полубрат од страната на нејзиниот татко, од неговиот прв брак. Тие никогаш не се запознале.

Венчаницата на Меланија чинела 200.000 долари, а станува збор за моделот „Диор“, на кој кројачите работеле преку 1000 часа. Сите поканети гости на луксузната прослава биле големи ѕвезди од Холивуд.

Меланија говори голем број на странски јазици. Покрај мајчиниот Словенски јазик, Меланија течно го говори Англискиот, Францускиот, Германскиот, Италијанскиот и се разбира Српскиот и Хрватскиот јазик.

Меланија никогаш немала дадилка. И покај гламурозниот живот, Меланија била одличен родител. Меланија смета дека за воспитувањето на својот син Барон, важно е да има адекватна родителска нега и внимание.

„Имам кувар и личен асистент и тоа е тоа“, изјавила во една прилика госпоѓа Трамп, запрашана за воспитувањето на нејзиниот син Барон.

Текстот (Фото) Меланија првата модна прошетка ја имала на пет години е превземен од Reporter.mk.