Првата дама на Америка, Меланија Трамп, на прес конференција на нејзиниот сопруг Доналд Трамп пред Белата куќа, се појави во стилизирани војнички чизми, дизајнирани специјално за неа. Таа носеше сиви панталони и популарна јакна виетнамка со црна боја.
Американските стилисти го пофалија нејзиниот изглед. Велат дека е одличен избор за есенските денови. „Изненаден сум што наместо штикли избрала чизми. Но, изгледа беспрекорно, како и секогаш“, стои во еден од коментарите.
Меланија, која е поранешен модел, речиси секогаш изгледа совршено. Од дизајнерски фустани, преку елегантни костуми, се до спортски панталони, првата дама на САД знае како да биде шик, пишуваат светските модни списанија и портали.
Текстот (Фото) Меланија Трамп ги замени штиклите со војнички џизми е превземен од Reporter.mk.