Првата дама на Америка, Меланија Трамп, одржа состанок во Белата куќа во рамки на својата кампања Be best, по повод новите програми наменети за децата и младите.
Сопругата на американскиот претседател, Доналд Трамп, се појави во розов костим и панталони, имиџ кој за модните критичари бил соодветно одбран за ваква пригода.
Под костумот Меланија носела бела блуза, а комплетниот изглед првата дама го пополнила со едноставна фризура и дискретен накит.
Заедно со уште шест секретарки, Меланија ја допрела темата за злоопотребите преку интернет, нешто што го смета за најголем проблем со кој се соочува денешната младина
„Мојот фокус е и секогаш ќе биде на нашите деца, на идните генерации“, изјавила Меланија.
Текстот (Фото) Меланија во розово на состанок во Белата куќа е превземен од Reporter.mk.