Барбара, ќерката на поранешната водителка Мелита Ракичевиќ наполни 14 години. Таа е единственото дете на Мелита, која ја има од бракот со Соме. Екс-водителката вчера се пофали дека нејзината ќерка пораснала, па објави многу слики и заеднички видеа. „Кога порасна кукло моја“, напиша Мелита на едно од нив.
Мелита постојано споделува семејни слики од Барбара, но многу почесто објавува видеа на кои таа свири и пее. На сите нив Ракичевиќ вели дека е горда на својата ќерка и на нејзиниот музички талент.
Мелита и Барбара често одат заедно и на јавни настани, па неодамна се дружеа на концертот на Цеца во Охрид.
Текстот (Фото) Мелита го прослави роденденот на својата ќерка е превземен од Reporter.mk.