Филмската актерка Мерил Стрип објавила дека сака да го продаде својот пентхаус во Њујорк по цена од 18,3 милиони долари. Стрип сака промени во животот.
Таа се обидела да го продаде станот уште минатата година за цена од 25 милиони долари, но поради високата цена не успала да пронајде купец.
„Станот има неверојатен поглед кон Њујорк. Има четири спални соби, пет бањи, просторија за велосипеди, фитнес-сала, градина и гаража. До него се доаѓа низ елегантно уредено претсобје, а лифот е со клуч“, вели Стрип.
Актерката признала дека изнајмила познат архитект, за кој вели дека е еден од најдобрите во Њујорк, за да ѝ го досреди станот. Стрип целиот стан го преуредила во италијански стил.
Текстот (Фото) Мерил Стрип го продава станот во Њујорк за 18 милиони долари е превземен од Reporter.mk.