(Фото) Мијалкова на журка со синот

Примабалерината Александра Мијалкова сподели фотографија од приватна забава во еден скопски локал на која е со  својот син Александар. Таа ги собра комплиметните, а нејзините следбеници и пријатели ѝ коментираа дека  дека „нема нешто поубаво од мајка и син“, но и дека се одлично друштво за на журка.

Сандра неодамна во интервју за „Репортер“ изјави дека е многу блиска со синовите, но и дека секогаш е во добри односи со нивните девојки. Исто така, таа ни кажа дека, иако е единствената жена во семејството, не постои претстава на која не дошле синовите и нејзиниот сопруг Сашо Мијалков, поранешен шеф на УБК.

„Секогаш се моја поддршка кога сум на сцената, и сите го сакаат балетот и имаат посебно чувство и однос кон балетот како уметност“, ни раскажа Сандра во неодамнешното интервју за „Репортер“.

 

Текстот (Фото) Мијалкова на журка со синот е превземен од Reporter.mk.