Поранешниот манекен и сопственик на модното студио „Црнокрак“, Мики Црнокрак, се пофали дека го запознал Жан Клод Ван Дам, еден од најпопуларните актери од акционите филмови. Мики и Жан Клод се фотографирани во дискотека во Кемер, Анталија, а сликата од средбата во клубот „Амара“ Мики ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.
Од пријателите доби комплименти дека е подобар од Ван Дам, некои го прашаа дали знае да направи шпага, други побараа да им донесе автограм од популарниот глумец, а некои се пошегуваа и му порачаа на Мики „да ги поздрави сите четворица со кои се сликал“.
Текстот (Фото) Мики Црнокрак во диско со Жан Клод Ван Дам е превземен од Reporter.mk.