Холивудската глумица Мила Јововиќ по третпат стана мајка. Таа со сопругот и режисер Пол В.С. Андерсон, добија уште една ќерка, а среќната глумица на „Инстаграм“ објавија заедничка семејна фотографија. Мила и Пол веќе имаат две ќерки Евер и Дашел.
Пред породувањето Јововиќ на социјалните мрежи споделила со фановите дека е нервозна.
„Смешно е што мислев дека да се роди трето дете е нешто смешно. Но, морам да ви признаам дека сум многу нервозна. Се надевам дека следната објава ќе биде со нашата ќеркичка. Посакајте ми среќа“, напишала актерката.
Текстот (Фото) Мила Јововиќ по третпат стана мајка е превземен од Reporter.mk.