(Фото) Миле Паника го разубави Џокси пред Велигден

Комичарот Бранко Огњановски, познат како Миле Панилка, се пофали дека го разубавил Џина Папас Џокси пред Велигден. Тој на „Твитер“ објави заедничка слика од снимањето на „Фчерашни“, а сцената е во фризерски салон.

„Џокси се улепшава, Велигден се ближи“, напиша тој.

Твитерџиите искоментираа дека Џокси не старее, дека Велигден е единствениот период кога тој е популарен, а се пошегуваа и дека фризурата на Миле ќе биде хит ова лето. „На Велигден сум се ошишал“, „Пак ли ќе се заљуби, леле што бракој растури овој“, „Ама нема путец на фризурата“, се дел од коментарите.

Песната „На велигден сум се заљубил“ е најпопуларната песна на Џокси. Тој неодамна откри дека рефренот е инспириран од баба му Уранија и нејзината приказна за тоа како нејзиниот татко, прадедото на Џокси, Коста, ѝ ги враќал стројниците кои упорно доаѓале за Велигден. Оваа песна ја преработија многу македонски пејачи, меѓу кои и Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска и „Балкан бенд“.

Фото: Твитер/Фејсбук

Џокси откри како настанала „Велигден“

 

 

Текстот (Фото) Миле Паника го разубави Џокси пред Велигден е превземен од Reporter.mk.