Синтија Никсон, најпозната по улогата на Миранда во „Сексот и градот“, по осум години конечно откри дека костимографот Мајкл Граулер е татко на нејзиниот син Макс. Таа на „Инстаграм“ објави фотографија од маж кој му го мести костимот на Макс за Ноќта на вештерките и призна дека тоа е таткото на детето.
„Кога татко ти е костимограф, а ти секогаш си сакал да бидеш Пенивајз“, напиша Никсон.
Таа и Граулер се познаваат со децении. Тие првпат соработуваа на филмот „Пат во непознато“, а Граулер беше задолжен за костимите во „Сексот и градот“. Граулер е во брак со 60-годишниот актер Вилијам Боусер, а Синтија од 2004 година е во врска со синдикалната активистка Кристин Маринони. Таа пред Кристин беше 15 години во брак со Дени Моузес со кој има две деца, ќерката Саманта и синот Чарлс.
Текстот (Фото) Миранда од „Сексот и градот“ конечно откри кој е татко на нејзиниот син е превземен од Reporter.mk.