(Фото) Модна грешка на Кејт Мидлтон, кошулата ја облече наопаку

Елегантна, облечена во виолетова кошула со панделка и црни панталони, Кејт Мидлтон повторно го привлече вниманието на модните критичари во Британија. Тие нејзиниот стил го нарекоа „беспрекорен“, но открија дека војвотката од Кембриџ првпат направила моден гаф, а кошулата ја облекла наопаку.

„Свилената виолетова кошула со копчиња со потпис на „Гучи“ се закопчува на грбот, а не напред. Дали сопругата на принцот Вилијам ја облече кошулата намерно погрешно или никој не ѝ кажал како се носи овој модел?“, велат тие.

За споредба, тие го покажаа оригиналниот модел на познатиот бренд, но додадоа дека заради големата панделка копчињата напред скоро и да не се забележуваат, па ефектот е совршен.

Кошулата што Кејт ја носеше при посетата на детскиот центар „Ненри Фаусет“ во Лондон се распродаде за неполн ден од веб-страната на „Гучи“.

Текстот (Фото) Модна грешка на Кејт Мидлтон, кошулата ја облече наопаку е превземен од Reporter.mk.