Моника и Чендер од “Пријатели” повторно, се појавиле заедно на селфи кое го објавила Кортни Кокс на својот профил на Инстаграм.
“Погодете со кој бев денес на ручек. Знам! Можам ли да бидам посреќна?”, напишала Кортни покрај фотографијата со колегата од серијата, Метју Пери.
“Мети! Ве сакам”, се јавила Џенифер Анистон, која ја играше Рејчел во серијата, а се огласила и Лиса Кудроу. Фановите за само неколку часа ја лајкнале фотографијата повеќе од два милиони пати.
Но, освен убавите коментари заради средбата на актерите многумина го коментирале изгледот на актерот.
“На мене Метју воопшто не ми изгледа како Чендлер. Како да е сосема други личност”, напишал еден фан.
“Што е со неговото лице. “Дали тој бил на пластична операција?“, напишал друг.
Пери, кој четири пати беше номиниран за “Emmy”, никогаш не криел дека се бори со депресија и зависност, а лани три месеци бил во болница . Последниот филм го снимил пред 10 години, додека во серија последен пат се појавил во 2017-та година. Кога станува збор за серијата што го прославила, рекол дека повеќе не би ја снимал.
Текстот (Фото) Моника и Чендлер повторно заедно е превземен од Reporter.mk.