Познатата тенисерка Моника Селеш многумина ја паметат како најмладата тенисерка која го освои „Ролан Гарос“, кога имаше само 16 години. Откако освои девет светски тениски турнири, таа се повлече од јавнста и му се посвети на семејниот живот.
Таа неодамна се појави на доделувањето на наградите за најдобар спортист за Монте Карло и го привлече вниманието на гостите и на медиумите во спортско-елегатното издание.
Некогашната репрезентативка на поранешна Југославија во тенис, денес има 45 години и е во брак со 35 години постариот американски бизнисмен Том Голисан, поранешниот сопственик на хокеј клубот „Бафало сабрес“ и основачот на компанијата „Пејчекс“. Според „Форбс“, неговото богатство е проценето на 3.4 милијарди американски долари. Во врска се од 2009 година и живеат на Флорида. Голисано беше во брак веќе три пати, а имаше и политички амбиции затоа што се кандидираше за градоначалник на Њујорк.
Селеш во целата кариера освои 53 наслови, девет Гранд слем наслови, а 178 недели беше на врвот на АТП листата. Преживеа траума во април во 1993 година, откако ментално болен обожавател на тенисерката Штефи Граф ја прободе со нож. Инцидентот се случи за време на турнир во Хамбург, а тогаш 38 годишниот Гинтер Парш ја погоди Селеш со нож во грб.
Моника направи пауза од тенисот две години по немилиот настан, а потоа се врати на теренот. Својот последен професионален меч го изигра во 2003 година, а во спортска пензија замина во 2008 година.
Денес се занимава со пишување книги и вежба јога. Живее со сопругот во Тампа Беј. Во автобиографската книга „Пронаоѓање склад помеѓу телото, умот и самата себе“ раскажа за булимијата и за сите свои проблеми.
Текстот (Фото) Моника Селеш елегантна на 45 и среќна во бракот со милијардер е превземен од Reporter.mk.