Најмалата ќерка на Соња и Јохан Тарчуловски, Јоана, денеска полни 4 години. Поранешната пејачката откри дека е пресреќна, па објави неколку заеднички слики со ќерка си и ѝ го честиташе роденденот на „Фејсбук“.
„Каде што има љубов, има живот. Среќен роденден љубов наша. Те сакаме“, напиша Соња.
Освен Јоана, Соња и Јохан ги имаат ќерката Мелани и синот Младен.
Двојката е во брак 14 години, период во кој се постојано беше во центарот на вниманието на јавноста. Прво Јохан беше во затворот во Хаг, се пишуваше за нереќниот случај кога Соња падна од тераса во населбата Кисела Вода, па беше објавено дека семејството месечно примало по 5.000 евра додека тој беше во Хаг. Јохан беше и еден од обвинетите за упадот во собранието на 27 април пред две години.
Текстот (Фото) Најмалата ќерката на Соња и Јохан слави роденден е превземен од Reporter.mk.