Светскиот модел Наоми Кембел на својот „Инстаграм“ профил објави фотографија на која позира целосно гола среде пустина во Кенија. Моделот се сликаше за потребите на британски „Вог“.
Манекенката за кратко време добила половина милион лајкови, и преку шест илјади пофални коментари. Прва и честиташе нејзината колешка и пријателка Ирина Шајк.
Кембел изминатиот период го сврте вниманието кон себе откривајќи дека е во врска со пејачот Лиам Паине. Двајцата претходно биле уловени како разменуваат пораки на социјалната мрежа „Инстаграм“.
Текстот (Фото) Наоми Кембел се соблече гола среде пустина е превземен од Reporter.mk.