(Фото) Наоми Кемпбел се соблече гола среде пустина

Супермоделот Наоми Кембел се соблече гола на 49 години за фотосесија за „Вог“. Сликањето се одржа среде пустина во Кенија. Моделот сподели една слика од фотосесијата на „Инстаграм“ и доби бројни комплименти за изгледот.

Голата слика не е случајна, бидејќи неодамна во интервју Наоми изјави дека и покрај нејзината убавина и статусот на топ-модел, ѝ биле потребни години за да добие самодоверба, да си го сака своето тело и да се чувствува добро во него.

„Ми требаше долго време да го прифатам моето тело и да се чувствувам пријатно во мојата кожа. Тоа е самодоверба што доаѓа со возраста. Вистината е дека едвај неколку години се чувствувам навистина во мир со себе и својот изглед. Отсекогаш имав комплекси и бев несигурна“, рече Кембел во интервјуто.

Текстот (Фото) Наоми Кемпбел се соблече гола среде пустина е превземен од Reporter.mk.