Актерот Орландо Блум се најде среде скандал откако бил фотографиран гол додека весла на штица за сурфање заедно со свршеницата Кети Пери. Медиумите ги објавија сликите, но и коментарите дека наводно „му бил многу голем половиот орган“. По ова Блум реагирал објаснувајќи дека половиот орган не му е голем како што се гледа на фотографиите.
„Навистина не ми е толку голем. Фотографиите се направени со големи оптички леќи и затоа работите изгледаат поголемо. Тоа е оптичка илузија. Мојот портпарол ми кажа дека прво биле објавени цензурирани фотографии. Потоа папараците ја тргнале цензурата, сметајќи дека на тој начин ќе добијат повеќе пари“, изјавил Орландо во интервју со Хаувард Стерн.
Актерот се слушнал со поранешната сопруга, манекенката Миранда Кер, со која има дете, за да ја предупреди за фотографиите.
„Ми напиша да бидам подготвена за неговите голи фотографии. Беше посрамотен, но не сакаше премногу да се вознемирувам. Само ми рече да не се возбудувам“, изјавила Миранда.
Текстот (Фото) „Не ми е толку голем“, реагира Орландо Блум откако го сликаа гол додека весла е превземен од Reporter.mk.