Турската актерка Фахрие Евџан, најпозната по улогата на Неџла во серијата „Кога лисјата паѓаат“, ужива во бременоста. Таа на своите профили на социјалните мрежи деновиве објави неколку фотографии на кои првпат го покажа трудничкиот стомак. Популарната глумица, која ќе се породи напролет, во едно скорешно интервју за турските медиуми откри дека е обична трудница и дека засега нема многу барања од својот сопруг, актерот Бурак Озчивит, популарниот Бали-бег од серијата „Величенствениот“. Неџла и Бали-бег се венчаа во јули 2017 година.
Текстот (Фото) Неџла ужива во бременоста е превземен од Reporter.mk.