Водителот Ненад Ѓорѓиевски се пофали дека тој и сопругата Горана се девет години во брак. Тие се родители на близнаците Љупка и Иво. Ненад со неколку слики на „Инстаграм“ се потсети на нивната свадба. „Девет прекрасни години. Честито љубена“, напиша водителот на социјалните мрежи, а му честитаа и Калиопи и водителката Снеже Велков.
Ненад и Горана веќе неколку години работат заедно. Тие ја основаа продукцијата „Хит медиа“ со која го снимија емисиите „Мини вест“ и „Нешто се крчка“. Ненад, пак, кон крајот на 1990те години, беше еден од најпопуларните млади водители во Македонија. Тој работеше заедно со Александар Блажевски. Последниве години, пак, е познат како водител на најпосетените караоке забави во земјава.
Текстот (Фото) Ненад славеше годишнина, се потсети на свадбата со Горана е превземен од Reporter.mk.