Со слика на која е облечена во невестинско фустанче, Александра Заева, ќерката на премиерот Зоран Заев, се потсети на детството. Таа ја држи за рака својата постара братучетка Ева, која исто така носи невестински фустан од тул, бели ракавици и бисерно ланче.
Фотографијата Александра ја објави на својот инстаграм-профил и со тагови означи кое девојче е таа, а која е Ева.
Ќерката на премиерот е активна на социјалните мрежи. Таа постојано споделува фотографии од своите патувања, на кои најчесто оди со момчето Игор Проданов.
Текстот (Фото) Невестинското фустанче на Заева е превземен од Reporter.mk.