(Фото) Нежни бои за во Австрија: Бети на Стево елегантна во Виена

Сопругата на претседателот Пендаровски, Елизабета Ѓорѓиевска избра светло сино палто за официјалната посета на Австрија. Иако, таа за „Репортер“ откри дека ја сака црната боја, сепак овој пат се одлучи за светла нијанса. Палтото го искомбинира со салонки во беж боја.

„ Јас сакам едноставна облека, минималистички но стилизиран изглед, кој сепак нема да отскокнува од функцијата сопруга на претседателот. Јас не носам брендови, и не можам да си дозволам скапи брендови, но многу сакам да ја промовирам македонската мода“, ни откри во интревјуто сопругата на претседателот.

Претседателот  Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска беа во еднодневна официјална посета на Австрија каде беа пречекани од австрискиот претседател Александер Ван дер Белен и неговата сопруга Дорис..

Текстот (Фото) Нежни бои за во Австрија: Бети на Стево елегантна во Виена е превземен од Reporter.mk.