Глумецот Ник Нолти, кој 1992 година беше избран за „најсекси маж на светот“ според магазинот „Пипл“, денес потсетува на бездомник, пишуваат американските медиуми. Фотографите го сликаа 78-годишниот глумец додека јаде пред маркет и напишаа дека изгледа непрепознатливо. Тој последниве години ретко се појавува во јавноста и речиси секогаш е облечен во тренерки или широки панталони што личат на пижами, пишуваат тие.
Нолти во својата кариера има снимено преку 50 филма, а трипати беше номиниран за „Оскар“. Кариерата ја почна во театар, но набргу потоа почна да снима филмови и стана светска ѕвездда. Еден од најпопуларните филмови кои ги сними е „48 часа“ со Еди Марфи.
Покрај актерството, тој е познат и по својот бурен приватен живот – борба против зависности и со многубројни неуспешни љубовни врски. Нолти се женеше четирипати и има две деца.
Текстот (Фото) Ник Нолти пред 27 години беше најсекси маж на светот, а денес личи на бездомник е превземен од Reporter.mk.