Пејачката Никол Шерзингер се појави на настан кој го организираше календарот CR Woman 2019.
Таа беше облечена во црвен сатенски асиметричен фустан од модната марка Дона Каран.
Слободното деколте направи пејачката да изгледа уште поатрактивно, а овој необичен фустан Никол го комбинираше со црни чизми.
Фустанот во модните дуќани чини околу 650 фунти и веќе е распродаден.
Пејачката која е во врска со тенисерот Григор Димитров, на настанот се сретна со пријателката Парис Хилтон, а двете познати дами се сликаа заедно.
Текстот (Фото) Никол Шерзингер покажа дека со црвен фустан никогаш нема да погрешите е превземен од Reporter.mk.