Српскиот пејач Никола Роквиќ се пофали дека пред финалето на Мундијалот во Русија го запозна легендарниот фудбалер Марадона. Тој селфи-фотографијата сликана во хотел во Москва ја објави на своите профили на социјалните мрежи и напиша: „Една пред спектаклот“.
Роквиќ беше во Москва со сопругата и со ќерката, ама само тој бил да го гледа финалето меѓу Хрватска и Франција на стадионот „Лужники“.
Текстот (Фото) Никола Роквиќ го запозна Марадона е превземен од Reporter.mk.