Нивес Целзиус во моментов летува во Грција заедно со својата сестра Матеа.
„Јас сум супер, а вие?“, им порача Нивес на своите обожаватели покрај фотографијата во костимот за капење.
На една од фотографиите таа позира со сестра си, а ред комплименти доби на сметка на својот изглед.
„Гледајќи ја убавината со која зрачиш, се прашувам дали може да постои нешто поубаво од тебе. Но кога би почнал да барам, веројатно би го добил одговорот дека не постои. Ти си една и единствена во овој живот. Каква убавина тоа би морала да биде за да ја замени убавината на твоето преубаво лице, насмевка што го освојува патот до моето срце и до сето она што си. Реално тоа е невозможно да се пронајде. Навистина, убавината со која зрачиш е неопислива, понекогаш останувам без вистински зборови за да го доловам тоа што навистина си. Ти си посебна, најпосебна, ниту една не е како тебе. Ти си принцеза“, бил еден од коментарите.
Текстот (Фото) Нивес Целзиус летува во Грција е превземен од Reporter.mk.