Некогашната пејачка Ноне Неделковска Новата година ја мина во Србија во друштво на дечкото Урош Терзија. Ноне на социјалните мрежи објави фотографија од нив двајцата ѝ посака среќна нова година на нејзините фанови.
Ноне посети неколку места во Србија меѓу кои и Сомбор и Нови Сад. Таа преку социјалните мрежи откри дека празничните денови ги поминува доста забавно шетајќи низ снежната Србија
Ноне неодамна на социјалните мрежи напиша дека конечно е слободна, а многумина нејзини фанови оваа изјава сериозно ја сфатија и пишуваа дека таа раскинала со нејзиното долгогодишното момче Рајан.
Ноне подолг период се забавуваше со Рајан со кого голем дел од времето го минуваше заедно на крузерот, каде што двајцата работеа.
Таа му го покажа и својот роден град Велес и го запозна со родителите. Ноне некое време нема споделено заедничка фотографија со Рајан, а фановите тврдат дека нивната романса завршила.
Текстот (Фото) Ноне за Нова година со ново момче е превземен од Reporter.mk.