Британската кралица Елизабета Втора објави нова фотографија со тројцата најблиски наследници за престолот. Со неа позираа нејзиниот најстар син, принцот Чарлс, внукот, принцот Вилијам и правнукот принцот Џорџ.
Елизабета е најдолговечниот британски монарх и со земјата владее од 1952 година. Чарлс е прв во редот на наследници, додека Вилијам и Џорџ се вториот, односно третиот.
„Како би се обележал почетокот на новата деценија, објавивме портрет од нејзиното величество кралицата со нејзините величества, принцот од Велс, војводата од Камбриџ и принцот Џорџ“, објавиле од Бакингемска палата.
Фотографијата ја направил шкотскиот фотограф Раналд Макечни во палатата. Овој фотограф ја сликаше кралицата со тројцата наследници и во 2019 година и по повод нејзиниот 90. роденден.
Текстот (Фото) Нов портрет на кралското семејство е превземен од Reporter.mk.