(Фото) Новата фризура на Шехерезад хит за оваа пролет

Турската глумица Бергузар Корел ги изненади фановите со новиот изглед. Таа долгата коса ја замени со куса и брановидна фризура позната како „пикси фризура“, а стилистите велат дека тоа ќе биде најголемиот хит меѓу жените и девојките оваа пролет.

Популарната Шехерезад го покажа новиот имиџ во Истанбул. Таа и нејзиниот сопруг Халит Ергенч, познат по улогата на Величенствениот, пред своите пријатели, но и фанови, на концерт ја испеја песната Can’t Take My Eyes Off You. Иако добија пофалби за пеењето, Бергузар доби многу комплименти за изгледот. По ова фановите ѝ порачаа: „Веќе не со долга коса“.

Текстот (Фото) Новата фризура на Шехерезад хит за оваа пролет е превземен од Reporter.mk.