Глумецот и шоумен Игор Џамбазов се пофали дека го добил најубавото изненадување од неколку негови обожавателки. Тие му оставиле рачно напишани пораки, кои Игор ги нашол пред влезната врата од својот дом.
„Се враќаш дома после часови проведени надвор и пред вратата го наоѓаш ова. Срценце за мене, а топчиња за да си игра Емче. Деца, кои и да сте – ве обожавам“, напиша Џамбазов на „Инстаграм“ и објави слика од пораката.
Емче, пак, е мачката на Игор. Глумецот често објавува нејзини слики на своите профили на социјалните мрежи.
„Имате најголема поддршка од нас. Вие сте едни од ретките луѓе што останаа на македонската сцена. Ве сакаме и почитуваме премногу и продолжете така. Поздрав до Емче“, пишува на едното ливче.
Текстот (Фото) Обожавателки го изненадија Игор е превземен од Reporter.mk.