Повеќе од 7000 жени со врескање и овации го пречекаа Здравко Чолиќ во распродадената арена “Борис Трајковски” во Скопје. Балканската ѕвезда скромно и со насмевка им се заблагодари.
„Добровечер Скопје. И на сите што дојдовте од другите градови. Срцето ми е големо секогаш кога ќе дојдам кај вас” рече на почетокот и на прва ја освои публиката. Концертот го почна со песната „Гори ватра” додека во публиката пашаа валони, а по неа се редеа „Продужи даље”, „Мјеркам те мјеркам”, „Чија је ово звијезда” „Живиш у облацима мала“.
Публиката не престануваше да игра и да ги пее безвременските хитови на Чолиќ. По четири години ова е прв концерт на популарниот сарајлија во Скопје. Тој ќе настапи уште еднаш пред македонската публика на 17 ноември.
Организатор на концертите на Здравко е „Прагма продукција”.
Андријана Јовановска
Фото: Д. Перковски
Текстот (Фото) Одморете од политика, седум илјади жени врескаат на концертот на Чолиќ во Скопје е превземен од Reporter.mk.