Филмска ѕвезда Оливија де Хевиленд, која се прослави со улогата во филмот „Однесено од виорот“ од 1939 година, наполни 102 години. Оливија која глумеше покрај Вивијен Ли и Клерк Гебл во светскиот хит, доби Оскар за улогата на Мелани Волкс. Таа потоа доби уште еден Оскар, во 1946 година, за улогата во филмот „Секој со своето“.
Де Хевиленд не глуми повеќе од 30 години. Таа последните години живее во Париз. Лани ја доби титулата „дама“ од британската кралица Елизабета, а во интервју за магазинот „Пипл“ рече дека е почестена со титулата.