Наташа, Трајче, Сара и Раде, кои беа дел од оригиналните глумци на популарната детска серија „Дајте музика“, дојдоа на последниот ден од снимањето на новите епизоди заедно со своите деца. Идолите на една генерација, со новата екипата на серијата споделија многу сеќавања за тоа како беше пред скоро 30 години кога тие ги играа главните улоги. Со многу емоции се вратија во минатото, се сетија на песните, на најавната шпица што ја пееше Ристо Самарџиев. Пред да си заминат, тие се сликаа заедно со децата што се сега главни глумци и со своите деца.
Популарната музичка серија од 1992 година, кај десетици генерации остави трајни сеќавања за едно безгрижно време, за дружењето на улица, забава, детска игра и квалитетна музика. Новите епизоди се веќе снимени, овој пат со децата од актерската школа на Весна Петрушевска.
Серијалот е во режија на Лазар Паковски и Владимир Митревски. Во емисијата повторно ќе има многу музика, која ја направија Николче Мицески, Никола Перевски-Пере, Роберт Билбилов, Ристо Самарџиев, Игор Џамбазов и други. Улогата на ‘мајстор’ ја толкува доајенот на македонското глумиште Ѓокица Лукаревски, ‘полицаец’ ќе биде Нино Леви, Игор Џамбазов ќе има епизодна улога, а ќе гостуваат и други млади актери. Во новите епизоди гостуваат Каролина Гочева, Перо Антиќ, Столе Стоилов, Елена Ристеска, ДНК и други.
Текстот (Фото) Оригиналните глумци од „Дајте музика“ со своите деца на снимањето на новите епизоди е превземен од Reporter.mk.