„Реванш меч меѓу скопската публика и ‘Нокаут’. Вака Игор Џамбазов го најави синоќешниот концерт на Нокаут кој во 1998 година, настапи за прв пат во СРЦ Кале.
„Од едната страна на рингот е скопската публика. Од другата страна момците од бендот. Секоја следна рунда ќе ја најави оскудно облечена хостеса. И да знаете, воопшто не е точно дека Пере личи на Џони Деп, Џони Деп личи на Пере“, рече Џамбазов во најавата.
Тој заедно со Харе Гуру беа специјални гости на концертот. Со настапот растурија на сцената.
За актерот се пишуваше пред две недели дека итно е примен во болница поради влошената здравствена состојба. Пред две години Џамбазов имаше проблеми со срцето по што му беа ставени стентови.
По објавата неодамна дека е во болница Игор ведаш се јави на социјалните мрежи и ги негираше ваквите шпекулации.
Текстот (Фото) Откако Игор Џамбазов го испратија во болница, тој растури на концертот на Нокаут е превземен од Reporter.mk.