Актерката Памела Андерсон на социјалните мрежи ја објави првата фотографија со филмскиот продуцент Џон Петерсон. Една од најпознатите Плејбој зајачици ја изненади јавноста откако минатата недела кажа „Да“ и се омажи за Џон. Тие, всушност, се познаваат цел живот, но дури сега се одлучиле да се земат . Памела и Џон се венчаа тајно во Малибу по многу кратка романса, а на интимната церемонија присуствуваа и нивните деца. Веста ја потврди Џон кој изјави дека тој и Памела се заедно неколку месеци.
„Насекаде има прекрасни девојки. Можев да бирам, но, 35 години ја сакав само Памела. Таа ме прави див, на добар начин. Ме инспирира, ја заштитувам и ја третирам на добар начин – изјавил Џон.
Памела до минатото лето беше во врска со фудбалерот Адил Рами, за кој се зборуваше дека ќе и биде сопруг. Меѓутоа, се испостави дека Адил ја изневерувал со поранешната сопруга па таа врска заврши неславно.
Текстот (Фото) Памела Андерсон објави фотографија со новиот маж е превземен од Reporter.mk.