Поранешната плејбој зајчица Памела Андерсон (51) за прв пат се појави на насловната страна на чешкото издание „Вог“. Ова е првпат холивудската актерка да се појави на насловна страна на едно женско списание.
На насловната страна, холивудската актерка е облечена во облека карактеристична за шеесетите години. „Кој сака да ја убие Памела Андерсон?“ е насловот кој е позајмен од чешкиот филм „Кој сака да ја убие Џеси“, пишува „Дејли Мејл“. Во интервју за „Вог“, Памела зборува за неодамнешното апсење на нејзиниот пријател Жулијан Асанж.
Поранешната зајчица на Хју Хофнер збори и за американскиот претседател Доналд Трамп и за правата на животните.
„Секоја девојка сака да биде секси. Бидете внимателни кон кого покажувате слабост, затоа што поединци со нетрпение чекаат да ги искористат шансите против вас“, порача ѕвездата од ТВ серијата „Чувари на плажата“.
Текстот (Фото) Памела Андерсон за прв пат на насловната на „Вог“ е превземен од Reporter.mk.