(Фото) Пандев и Левандовски измамија насмевки кај малиот Јане

Јане Велковски (11) кој боледува од спинална мускулна атрофија, вчера на стадионот „Тоше Проески“ за време на тренингот на македонските и полските фудбалски репрезентативци се дружеше со капитенот Горан Пандев и најдобриот полски играч Роберт Левандовски.

Двајцата фудбалери му потпишаа автограми и се сликаа со него. Речиси нема кој не го знае Јане во УЕФА, која снимии и сторија за него и за тоа колку го сака фудбалот и желбата да заигра фудбал. И најубавата фотографија на Суперкупот во Скопје е онаа на Јане пред посетерот на Роналдо.

Напаѓачот на Баерн, Левандовски,  заедно со Милик од Наполи и првиот човек на полската федерација, Збигњев Боњек се интересираа за ситуацијата со Јане, кој беше среќен додека го гледаше тренингот на македонските и полските репрезентативци.

Приказната за  Јане ја слушнаа и поранешни и сегашни фудбалски ѕвезди меѓу кои и Луис Фиго, Пол Погба, Фелаини и многу други. Минатата година и УЕФА објави сторија за малиот фудбалски херој, кој верува дека ќе  прооди и еден ден ќе игра фудбал.
Македонија и Полска ќе се сретнат на Арената „Тоше Проески“ во рамки од 3. коло на квалификациите за Европското првенство 2020 година.
Фото/Гол.мк

Текстот (Фото) Пандев и Левандовски измамија насмевки кај малиот Јане е превземен од Reporter.mk.