Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев на социјалните мрежи сподели дека ќерката Ана има роденден. Таа полни четири години.
„Ти си нашиот живот. Среќен роденден љубов моја“, напиша Пандев на својот Инстаграм профил и сподели фотографија со ќерката.
Тој во моментов е на подготовки со македонската фудбалска репрезентација за последните два меча со Австрија и Израел во квалификациите за Европското првенство, па не може да биде покрај својата ќерка за роденденот. Пандев е татко на татко на три деца, синот Филипо и ќерките Ана и Софија.
Текстот (Фото) Пандев роденденски со ќерката Ана е превземен од Reporter.mk.