На синоќешниот концерт на хрватскиот пејач Петар Грашо момче ја побара за жена својата девојка. Момчето се вика Патар исто како и хрватскиот пејач и тоа доплонително ги разнежни присутните.
„Оваа песна се вика ‘Ако те прашаат’. Јас веќе прашав сè што имав да прашам, а сега еден друг Петар сака нешто да праша“, изјави Грашо (42) пред насобраната публика.
„Петре, прашај на глас и викни силно сите да те слушнат“, викна Грашо пред публиката.
Додека момчето Петар клекнат на колена со прстенот в рака се обиде да го постави прашањето, публиката воодушевено скандира. Неговата девојка се вика Даниела (сто како и љубовта на Грашо) која со солзи во очите одговори потврдно.
„Ако те прашаат, љубов моја, дали ти недостига живот од претходно, кажи дека го немало никаде без тебе“, запеа Грашо.
Видетото го снимала девојка во публиката, а под него честитки за Петар и Даниела.
Текстот (Фото) Петар ја побара за жена Даниела на концерт на Грашо е превземен од Reporter.mk.