На 15 јуни капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос и неговата избраничка Пилар Рубио се венчаа во катедрала во Севиља, а водителката на социјалните мрежи објави службени и приватни фотографии од венчавката.
„Сакам со вас да го споделам еден од најсреќните денови во нашите животи. Нашиот сон ни се оствари“, напиша водителка Рубио на социјалните мрежи.
„Каков раскош. Прекрасни сте. Изгледате совршено“, биле само некои од коментарите на обожавателите.
На венчавката на шпанскиот фудбалер биле поканети преку 500 гости од светот на спортот и шоубизнисот, вклучувајќи го и Дејвид Бекам.
Гости беа и Лука Модриќ со сопругата Вања, Матео Ковачиќ и неговата избраничка Изабел. Лука и Матео стигнаа во слични оддела, а нивните сопруги блескаа во фустаните. Како гостин се појави и Марко Асенсио, со својата девојка и Начо во придружба на поубавата половина.
Серхио и Пилар се запознале по Европското првенство 2012 година, а имаат три сина. Најстариот син Серџо е роден во 2014 година, Марко го добија година дена подоцна, а најмладиот Алејандро има повеќе од година дена.
Текстот (Фото) Пилар Рубио сподели интимни фотографии од свадбата со Рамос е превземен од Reporter.mk.