Откако објави семејна фотографија од одмор, каде што нејзиниот малолетен син е гол, пејачката Пинк (39) се соочи со низа коментари кои ја критикуваат нејзината објава, но и се сомневаат во нејзината способност во улогата на мајка да го заштити своето дете.
„Што не е во ред со тебе? Зошто објавувате гола фотографија на дете?“ е само еден од коментарите на социјалните мрежи, кои ја нападна пејачката, но се чини дека Пинк не се согласува со нив.
Таа ја отстрани контроверзната фотографија, а потоа повторно ја постави, но стратешки ја ичкрта за да не се види ништо спорно.
„Навистина нешто не е во ред со вас. Ме нападнавте поради половиот орган на детето? Бидејќи тој е обрежен? Дали сте нормални? Па, јас како и секоја друга мајка на плажа дури и не забележав дека тој ја симнал пелената“ – стои под фотографијата на која е малиот Џејмсон Мун (2) .
Текстот (Фото) Пинк се скара со фановите поради сликата од голиот син е превземен од Reporter.mk.