Австралиската актерка Кејт Бланшет ја промени својата боја на коса и повеќе не è русокоса. Кејт на доделувањето на наградите „БАФТА“ во Лондон се појави во елегантен црн фустан на дизајнерот Кристофер Кејн, со украсено деколте. Кејт ги воодушеви присутните со променетиот имиџ и црната коса.
Некогаш познатата русокоса, сега е бринета, а променетиот имиџ вели дека се должи поради новата улога во претставата која ја игра во театар. Кејт открива дека промената на бојата веројатно ќе биде за кратко време.
Фановите не се воздржуваа во пофалните коментари, велејќи дека изгледа освежено и дека одлично изгледа како бринета. Многу критичари ја прогласија за една од најубавите облечени дами на синоќешното доделување на наградите.
Текстот (Фото) По 20 години Кејт Бланшет од русокоса стана бринета е превземен од Reporter.mk.