Откако ја раскина врската со црномурестиот Рајан, поранешната пејачка Ноне Неделковска има нов дечко. Таа преку социјалните мрежи потврди дека е во врска со Србинот Урош Терзија. Ноне и Урош заедно работат на брод, па некогашната пејачка и нејзиното ново момче постојано споделуваат слики од патувањата по светот. Тие Нова година ја поминаа заедно, во Србија, но во тоа време се уште не признаваа дека се во врска.
Пред Урош, Ноне беше во долга врска со Рајан, нејзин колега од бродот на којшто работеше. Таа пред неколку години со Рајан беше во Велес, за да го запознае со нејзиното семејство и со пријателите.
Урош, пак, работи како фотограф и снима спотови. Последното видео што го изработил е за српската пејачката Ивана Селаков.
Фото: Фејсбук/Инстаграм
Текстот (Фото) По црномурестиот Рајан, Ноне во љубов со Србинот Урош е превземен од Reporter.mk.