Девојката на популарниот „јутубер“ Виталиј, Кинси Волански, го сврте вниманието откако полугола влезе на ски-трката во австриски Шладминг.
23-годишната Кинси се појави пред целта во моментот кога низ целта помина Италијанецот Алекс Винацер. Таа во рацете држеше напис на кој стоеше „RIP Коби“ во сеќавање на трагично починатиот кошаркар Коби Брајант, кој во неделата настрада во пад на хеликоптер.
Организаторите прво го пресметаа времето на Винацер кога девојката мина низ целта. Имаше 50 стотинки предност во однос на Клемент Ноел. И покрај тоа што Винацер се израдува на победата, подоцна беше утврдено дека 13 стотинки заостанувал зад водечкиот Ноел.
Текстот (Фото) Полугола Кинси Волански му оддаде почит на Коби Брајант е превземен од Reporter.mk.