Новак Ѓоковиќ вчера осми пат стана шампион на Австралија Опен, откако во финалето на турнирот го победи Доминик Тием. Српскиот тенисер доби бројни честитки, а на неговата победа се израдуваа и познатите од Македонија. На социјалните мрежи негови фотографии со пехарот споделија Каролина Гочева, Калиопи Буке, Јоце Панов, Дарко Спејко, Огнен Здравковски и други.
„Еден и единствен, браво шампионе“, напишаа Каролина Гочева и Калиопи.
За српскиот тенисер ова е осми трофеј во Мелбурн и 17. на Гренд слем турнирите. По победата на Австралија опен, од денес Ѓоковиќ повторно ќе се врати на првото место на АТП листата.
Текстот (Фото) Познатите му ја честитаа титулата на Ѓоковиќ на Австралија опен е превземен од Reporter.mk.