Ангелот на Victoria’s Secret, Кендис Сванапул изгледа одлично шест недели по раѓањето на второто дете. 29-годишниот модел беше фотографиран на плажа во Бразил три недели откако наиде на лоши критики за фигурата.
Атрактивната Јужноафриканка уживаше со едногодишниот Анака и едномесечниот Ариел.
Фотографии од Кендис во бикини се појавија на интернет три недели по нејзиното породување со второто дете. Подоцна, таа откри дека била фотографирана 12 дена по породувањето и дека добила многу критики за нејзината фигура.
На Instagram таа им возврати на критичарите и им порача прво да се погледнат себеси пред да зборуваат лошо за другите.
„Ова сум јас 12 дена по раѓањето на син ми. Ако имате нешто лошо да кажете. Преиспитајте се себеси. Луѓето можат да бидат сурови едни кон други. Во денешно време, понекогаш стандардите за убавина се невозможни за жените. Не се срамам да го покажам моето постпородилно стомаче, напротив, горда сум на него. Го носев син ми 9 месеци во него, сметам дека го заслужив правото да имам малку стомаче, без разлика што сум модел. И ние сме нормални луѓе, па ве молам оставете ме да уживам на мира на плажа“ – напиша таа.
Текстот (Фото) Пред 12 дена се породив, како сакате да изгледам! е превземен од Reporter.mk.